Милан дома водеше, но на крајот е елиминиран од Купот на Италија

Екипата на Аталанта се пласираше во полуфиналето на Купот на Италија, откако на гостински терен го елиминираше Милан. Победата на гостите од Бергамо има дополнителна тежина затоа што е извојувана со пресврт.

Милан поведе со голот на Рафаел Леао во 45 минута, но таа радост на домашните фанови траеше помалку од 100 секунди. Во дополнитеното време од првиот дел, гостите израмнија со голот на Теун Копмајнерс, а истиот играч е вистински херој на Аталанта откако погоди и од пенал во 59 минута.

Ова беше прв пенал сезонава за Аталанта и токму тој донесе пласман за нив во полуфиналето. Интересно е дека во последните секунди од средбата и Милан се надеваше да добие пенал, но судиите од ВАР собата оценија дека нема услови за Росонерите да добијат удар од белата точка.

Во полуфиналето, Аталанта ќе игра против Фиорентина.

- Оглас -

Најнови вести