Милан е во победничка серија, ќе го надигра и Интер

Милан е во серија, а доаѓањето на Пакета и на Пјонтек му донесе многу квалитет, па очекувам да го победи и Интер. Условно кажано, гостите се во лоша форма, испаднаа и од Лигата на Европа и во незгоден момент за нив ќе го играат градското дерби. Очекувам голови на француското дерби и победи на Волфсбург, Јагелонија и на Легија, вели Панче Ќумбев во анализата на новите пет предлог-типови за овој викенд.
Волфсбург – Фортуна Дизелдорф (сабота, 15.30 часот)
Волфсбург има одлична традиција против Фортуна и на трите меѓусебни дуели нема пораз. „Волците“ се борат за позиции кои водат во европските купови и имаат многу повеќе мотиви за победа.
Имаат повредени играчи, особено ќе недостасуваат Гинчек и Азауи, но и без нив можат да ја победат Фортуна. Гостите веќе ја остварија целта, опстанокот во Бундеслигата им е сигурен и ќе играат без посебен императив.
Верувам во кец затоа што домаќинот е многу поквалитетен.
Предлог тип: 1 (1.87)
Јагелонија – Корона (сабота, 15.30 часот)
Јага е доста поквалитетен тим, подобро игра и е фаворит против Корона. И двете екипи влегоа во незгодни серии без победа, Јагелонија на три, а Корона на четири меча.
Домаќинот има поквалитетна екипа и очекувам да ја прекине серијата и да ги освои бодовите во битка за задржување на четвртата позиција.
Предлог тип: 1 (2.05)
Легија – Шлонск (сабота, 20.30 часот)
Легија игра по принципот топло-ладно и прашање на време е кога Са Пинто ќе добие отказ. Ги испомеша картите и се замери со многу искусни играчи, но сепак мислам дека ќе го добие дербито со Шлонск.
Победата е императив за мојот поранешен тим во обидот да се прескокне Лехија Гдањск на првата позиција на табелата.
Предлог тип: 1 (1.78)
Милан – Интер (недела, 20.30 часот)
Миланското дерби доаѓа во многу незгоден момент за, условно кажано, гостите. Интер е очаен, испадна и од Лигата на Европа и мислам дека годинава не заслужува да биде меѓу првите четири екипи во Калчото.
Додека Милан е се подобар и верувам дека ќе обезбеди пласман во топ 4.
Предлог тип: 1 (2.65)

ПСЖ – Марсеј (недела, 21 часот)

Дерби на колото во Франција. Овде има голем ривалитет, што во минатото доведе и до многу искри и недоразбирања. Имаше и бојкот од ПСЖ при едно гостување во Марсеј, па „светците“ играа и со младински тим на „Велодром“.

Во последните години ПСЖ доминира во Франција и денеска е фаворит, но сепак ќе типувам голови на двете страни најмалку со три погодоци на мечот.

Предлог тип: ГГ3+ (1.90)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести