Милан – Емполи 22:2 во шутеви кон гол, но резултатот е 0:0

Милан имаше целосна доминација на дуелот против Емполи на „Сан Сиро“, но по завршување на средбата, фановите на домашниот тим си заминаа разочарани затоа што на крајот резултатот беше 0:0.

Статистички гледано, Росонерите имаа 70 отсто посед на топка, дури 22 шута кон голот на гостите, наспроти еден шут на гостите, како и 9:0 во корнери во корист на домаќините, но на крајот, двата тима освоија по еден бод.

Милан во 60 минута доби пенал, но по консултација со ВАР системот, беше утврдено дека немало пенал. ВАР системот повторно ја скрати радоста на домаќините и тоа во 89 минута кога Оливие Жиру даде гол, но подоцна се утврди дека погодокот бил постигнат со рака.

Милан со овој освоен бод стигна до 52 бодови и моментално е на третото место на табелата, пред Интер кој е четврти со 51 бод, а потоа следат Рома со 50 бодови, Аталанта со 48 и Јувентус со 44 бодови.

- Оглас -

Најнови вести