Милан ги постигна првите голови во ЛШ и го победи ПСЖ, Сити и Лајпциг се први осминафиналисти (Видео)

Фудбалерите на Милан славеа со 2:1 против ПСЖ во дербито на четвротото коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Росонерите кои во првите три кола не постигнаа ниту еден гол, вечерва дадоа два и ги освоија бодовите во дуелот со Светците.

ПСЖ поведе со голот на Мартин Шкринијар во деветтата минута, но радоста на гостите траеше само три минути.

Рафаел Леао во 12-тата минута го израмни резултатот, а победата на Росонерите ја обезбеди Оливие Жиру со голот во 50-тата минута.

По четвртото коло во групата Ф, лидер е Борусија Дортмунд со седум бода, ПСЖ има шест, а Милан пет, додека Њукасл е последен со четири освоени бодови.

Први патници во осмифиналето се екипите на Манчестер сити и Ред Бул Лајпциг. Манчестер сити со 3:0 го совлада Јанг бојс и остана перфектен со четири победи во четири меча. Два гола даде Ерлинг Халанд, а еден Фил Фоден.

Во истата група Г, Ред Бул Лајпциг благодарение на головите на Чави Симонс и на Опенда славеше со 1:2 на гостувањето во Белград кај Црвена ѕвезда.

Сити е лидер на табелата со 12 бода, Биковите имаат девет, додека Јанг бојс и Црвена ѕвезда имаат по еден по четири кола.

Најубедливата победа ја оствари Атлетико Мадрид, кој со 6:0 го совлада Селтик и изби на првото место на табелата во групата Е. Лацио на „Олимпико“ во Рим славеше со 1:0 над Феенорд и го прескокна на второто место.

Порто со 2:0 го победи Антверпен и се израмни на лидерската позиција на табелата со Барселона. И двата тима имаат по девет бода, Шахтар има три помалку и во последните две кола ќе падне разврската кои екипи ќе играат во осминафиналето.

Резултати:

Група Е
Атлетико Мадрид – Селтик 6:0
Лацио – Феенорд 1:0
Табела: Атлетико М. 8, Лацио 7, Феенорд 7, Селтик 1.

Група Ф
Милан – ПСЖ 2:1
Борусија Д. – Њукасл 2:0
Табела: Борусија Д. 7, ПСЖ 6, Милан 5, Њукасл 4.

Група Г
Црвена ѕвезда – Ред Бул Лајпциг 1:2
Манчестер сити – Јанг бојс 3:0
Табела: Манчестер сити 12, Ред Бул Лајпциг 9, Црвена ѕвезда 1, Јанг бојс 1.

Група Х
Порто – Антверпен 2:0
Шахтар – Барселона 1:0
Табела: Барселона 9, Порто 9, Шахтар 6, Антверпен 0.

- Оглас -

Најнови вести