Милан го договори првото засилување за следната сезона

Италијанскиот гигант Милан и официјално обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона и веќе започна со формирање на тимот кој треба да атакува во нови успеси. Јапонскиот напаѓач Дајчи Камада е првото засилување, а официјалниот договор треба да биде комплетиран деновиве. Камада ќе остане на „Сан Сиро“ до јуни 2028 година.

Репрезентативецот на Јапонија во претходните шест години играше за Ајнтрахт Франкфурт, каде што вкупно одигра 178 меча и постигна 40 гола. Неговиот договор со бундеслигашот истекува на крајот од овој месец и ќе може како слободен играч да направи трансфер во Милан.

Камада има 26 години и досега има 28 настапи за селекцијата на Јапонија во коишто постигнал шест погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести