Милан го губи трпението со Донарума, веќе му е најдена замена

Управата на Милан го губи трпението со Џанлуиџи Донарума, на кого му е понудено да го продолжи договорот кој му истекува по крајот на сезоната. Понудено му е осум милиони евра годишно, но засега нема одговор од него и агентот Мино Рајола, што наговестува дека се чека подобра понуда која ќе го исели Донарума од Милано.

Иако уште има надеж за Донарума да се согласи да остане на „Сан Сиро“, клубот веќе се подготвува за живот без него, а во Франција му е најдена потенцијалната замена.

Имено, Милна почна преговори со Мајк Мањан, 25-годишниот чувар на мрежата на Лил, кој сезонава е фантастичен меѓу диреците и една од главните причини што Данските доги се во битка за титулата во Лига 1. Наводно е најдена согласност меѓу двете страни, останува Милан да договори цена околу купувањето, а Лил сигурно ќе бара повеќе од 25 милиони евра.

Мањан сезонава во 33 првенствени меча дури 18 пати ја сочува мрежата, а прими само 20 гола, статистика која го прави најдобар голман во француското првенство.

- Оглас -

Најнови вести