Милан го победи Јувентус и обезбеди место во Лигата на шампионите (Видео)

Милан победи со 1:0 во дербито во Торино против Јувентус, триумф кој на Росонерите им обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона.

Оливие Жиру беше стрелец на единствениот гол во 40-тата минута за радост на гостите. Погодокот на Жиру може да го погледнете ТУКА.

По 37 одиграни кола, Милан има 67 бода, дури шест повеќе од петтопласираната Аталанта. Јувентус остана на 59 бода (одземени 10 бода како казна) и е на седмото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести