Милан има 100 животи и Месија за спас – Ауфидерзен за Милионерите, во нокаут-фазата се пласираа Реал, Интер, Спортинг, Манчестер сити и ПСЖ (Видео)

По петтото коло што заврши вечерва познати се 11 од вкупно 16 осминафиналисти во Лигата на шампионите, а испадна една екипа што има титулa во елитното натпреварување.

Жуниор Месијас му донесе спас на Милан и победа во Мадрид со 1:0 против Атлетико, со која Росонерите остануваат во игра за пласман во осминафиналето во ЛШ.

Голот за победа на Милан во 87-мата минута можете да го погледнете ОВДЕ.

Ливерпул го победи Порто со 2:0 и имаат максимални 15 бода, а разврската во групата за второто место ќе биде интересна.

Порто има пет бода и ќе му биде домаќин на Атлетико, кој има четири бода како и Милан, кој му е домаќин на Ливерпул во последното коло.

Со фазата по групи од настап понатаму во Лигата на шампионите вечерва се прости Борусија Дортмунд.

Милионерите загубија со 3:1 во Лисабон од Спортинг што ги елиминира уште во фазата по групи.

Педро Гонкалвеш со два гола и Поро со еден погодок го декласираа германскиот тим.

Од таа Ц група, со Лавовите од Лисабон во нокаут-фазата оди и Ајакс со 15 бода на пет меча.

Во дербито на петтото коло Манчестер сити со головите на Стерлинг и Жезус направи пресврт и со 2:1 го победи Пари Сен Жермен, а и двете екипи одат понатаму благодарение на победата на Лајпциг против Бриж со 5:0.

Во осминафиналето се и Реал Мадрид и Интер по победите против Шериф и Шахтар. Интер славеше со 2:0 со двата гола на Един Џеко против Шахтар и потоа си дочека победа на Кралскиот клуб од 3:0 во Тираспол против Шериф за да биде сигурен патник во осминафиналето.

Досега во осминафиналето пласман обезбедија: Манчестер сити, ПСЖ, Ливерпул, Ајакс, Спортинг, Реал Мадрид, Интер, Баерн, Манчестер јунајтед, Челзи и Јувентус.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести