Милан има фантастичен план за замена на Кеси – Доаѓа заборавениот талент

Милан остана без услугите на Франк Кеси, којшто од наредното лето како слободен агент ќе ѝ се приклучи на Барселона. Но, тимот од Милано пронајде двајца навистина одлични фудбалери кои доаѓаат како негова замена.

И двајцата настапуваат за екипата на Лил, а првиот е заборавениот талент, Ренато Санчез, којшто игра како прероден во францускиот тим. Баерн Минхен своевремено за Санчез плати над 40 милиони евра уште како тинејџер, но таму не се снајде.

Очигледно е дека заминувањето во Лил беше полн погодок за Португалецот, кој успеа да си го врати и местото во националниот тим.

Вториот фудбалер исто така од овој француски тим е Свен Ботман, а според доброупатениот Фабрицио Романо, целиот договор меѓу Милан и 22-годишниот Холанѓанец ќе биде комплетиран кон крајот на оваа недела.

- Оглас -

Најнови вести