Милан ја победи Рома и постави нов неверојатен рекорд во својата историја (ВИДЕО)

Екипата на Милан оствари нова убедлива победа во Серија А, овојпат совладувајќи ја Рома со 2:0 на гостински терен во дерби-мечот од 11-тото коло.

Миланезите за првпат во клупската историја имаат 10 победи на отворањето на сезоната од 11 одиграни натпревари и сето тоа е најава за борба за титулата во Серија А.

Предводени од легендарниот Златан Ибрахимовиќ, кој даде мајсторски гол од слободен удар во 26-тата минута, со што прослави двоен јубилеј.

 

Додека, пак, стрелец на вториот погодок беше Франк Кеси од пенал во 57-мата минута. Интересно е што на гостите им беа поништени уште два погодоци поради офсајд, со што разликата ќе беше уште поголема.

Стефан Ел Шарави во последните мигови ја врати неизвесноста, но тоа беше недоволно за да дојдат барем до еден бод.

 

Но, голем проблем за Милан ќе претставува неиграњето на Тео Ернандез против Интер во наредното коло откако доби два жолти картони.

Со новите три бода, Милан сега се израмни на првото место со Наполи, а сега двата тима имаат по 31 бод. Зад нив заостанува Интер, кој има 24.

 

- Оглас -

Најнови вести