Милан ќе го менува тренерот, веќе се знаат и најсериозните кандидати за негов наследник

Стефано Пиоли по четири години на клупата на Милан, зимава најверојатно ќе добие отказ. Раководството на клубот не е задоволно од резултатите, но и од големиот број повреди кај фудбалерите.

Милан во моментов е третопласиран во Серија А, а во Лигата на шампионите не успеа да ја мине групата. Овие резултати се далеку од амбициите на клубот за освојување на титули.

Најсериозни кандидати да го наследат на клупата на Милан се Роберто де Зебри од Брајтон и Антонио Конте, кои доколку Пиоли си оди, ќе го преземат тренирањето на Милан дури налето. Планот на раководството е доколку му врачат отказ на Пиоли, до крајот на сезоната екипата да биде предводена од Игнацио Абате.

- Оглас -

Најнови вести