Милан ќе се засилува со напаѓач кој не дал ниту еден гол сезонава

Нова сезона, но стари навики за Милан. Веќе стана очекувано Милан да ги разочарува своите навивачи, па затоа и не е чудно што по првите осум меча во Серија А, Росонерите имаат само 10 бода и се на 12-тото место на табелата. Како прво, решение за промена на играта беше смената на тренерот Марко Џампаоло, и тоа само по 111 дена откако беше назначен за предновник на екипата од „Сан Сиро“.

Сега на ред е промена и во составот. Како прво засилување за Милан под водство на Стефано Пиоли се очекува да биде Родриго де Паул, кој игра во Удинезе. Најавите беа дека Аргентинецот уште во летниот преоден рок требаше да дојде во Милан, но тоа не се случи, па сега опција е за во јануарскиот преоден рок.

Удинезе бараше околу 30 милиони евра за овој фудбалер кој игра на позицијата напаѓач, но уште нема постигнато ниту еден погодок сезонава. Пред да дојде во Удинезе, тој играше за Валенсија и за Расинг во Валенсија.

 

- Оглас -

Најнови вести