Милан не ја победи Аталанта на „Сан Сиро“, но со голчиштето на Леао и ја запре победничката серија (Видео)

Во дербито на 26-тото коло од Серија А, Милан и Аталанта одиграа без победник 1:1. Росонерите не успеаја пред своите гледачи на „Сан Сиро“ експресно да се рехабилитираат за поразот од Монца (4:2) во претходното коло, но ја запреа победничката серија на Аталанта.

Аталанта до вечерашниот натпревар против Милан беше во серија од пет победи во низа во Серија А со кои дојде до шестото петтото место на табелата со 46 бода, два помалку од четвртата Болоња и седум од Милан.

Милан поведе уште на самиот старт, во третата минута и тоа со одличниот гол на Рафаел Леао. Португалецот од левата страна помина двајца играчи на Аталанта, влезе во шеснаесетникот и потоа со одличен шут го совлада голманот Карнесечи.

Аталанта во финишот од првиот дел дојде до израмнување со голот на Копмајнерс од белата точка.

- Оглас -

Најнови вести