Милан не може да се одбрани од желбата на Донарума да си замине

Милан не може да се одбрани од барањата на Џанлуиџи Донарума и сè позивесно е дека италијанскиот репрезентивец ќе си замине, и тоа во Јувентус, кој е загреан за еден од најдобрите голмани на светот.

За Росонерите неприфатливи се условите што ги постави Донарума за нов договор, сагата трае предолго, а нема оптимизам дека ќе се случи пресврт во преговорите, па италијанските медиуми објавија дека на „Сан Сиро“ сигурно ќе дојде Мајк Маињан од Лил.

Со 25-годишниот голман на Лил веќе е сè договорено, а Милан ќе му плати 15 милиони евра отштета на лидерот во француското првенство.

Маињан сезонава блеска на голот на Лил и тој е голманот со најмалку примени голови во Лига 1 во Франција, само 22 на 34 натпревари.

Ја почна кариерата во младинската школа на Пари Сен Жермен, но нема ниту еден настап за Светците од Париз, кои му го продадоа на Лил во 2015 година.

Слична е приказната и на 22-годишниот Донарума, кој почна во АСД Клуб Наполи во родното место Кастелмаре ди Стабија, а потоа се пресели во Милан во 2015 година, кој му е единствен клуб за којшто бранел како сениор.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести