Милан остана без напаѓач за мечот против Удинезе, се повреди и Манџукиќ

Милан утре (20:45 часот) го пречекува Удинезе во рамките од 25-тото коло во Серија А, меч во којшто Стефано Пиоли не ќе може да смета на двајцата напаѓачи Златан Ибрахимовиќ и Марио Манџукиќ.

За Златан е веќе познато дека ќе биде аут во наредните четири меча на Росонерите, од кои еден е дуелот против Манчестер јунајтед во осминафиналето во Лигата на Европа, а сега и Хрватот ќе паузира околу десет дена.

Пиоли за средбата против Зебрите и Илија Несторовски ќе мора да комбинира со Ребиќ или Леао во нападот, па мисијата да се освојат нови три бода по триумфот над Рома ќе биде отежната.

Инаку, Манџукиќ откако пристигна на „Сан Сиро“ на 19 јануари, пропушти пет од вкупно девет натпревари на Милан поради повреди, што е последица од неактивноста на Хрватот, кој претходно шест месеци беше слободен играч.

- Оглас -

Најнови вести