Милан постави нов рекорд и покажа дека има шампионски амбиции

Милан со 2:1 ја победи Сампдорија на гостински терен и само потврди дека е убедлив лидер по 10 одиграни кола во Серија А. Росонерите досега освоија 26 од можните 30 бодови, со што само потврдија дека имаат шампионски амбиции.

Иако играа без Златан Ибрахимовиќ, гостите доминираа на теренот, го имаа поседот на топката, упатија повеќе удари и на крајот ги освоија трите бода. Франк Кеси погоди од пенал во 45-тата минута за водство на Милан, а предноста ја удвои Кастилјо со гол во 77-мата минута, и тоа неполна минута откако влезе како резерва.

До крајот на средбата, Сампдорија даде почесен погодок преку Екдал. Милан на овој меч постави и клупски рекорд од 30 средби по ред во Серија А на кои дава барем по еден гол.

 

- Оглас -

Најнови вести