Милан против традицијата, Јувентус не планира да попушти

Милан и Јувентус вечерва (21:45ч) ќе се сретнат по вторпат откако продолжи сезоната, овојпат во рамките од 31-вото коло во Серија А. Ремито без голови во реваншот од полуфиналето во Купот на Италија беше еднаков на пораз за Росонерите, меѓутоа сега битката ќе се одвива за три бода кои се од голема вредност за двете страни.

На осум кола до крајот на првенството, Јувентус ја презеде фаворитската улога за одбрана на титулата. Тимот на Маурицио Сари има седум бода предност во однос на Лацио и според тоа во каква форма е, не планира да застане додека не го осигури тронот. Бјанконерите наредија четири победи, а ако се земат предвид натпреварите пред прекинот на сезоната, Јуве има седум триумфи во низа во Калчото.

Сепак, гостите нема лесно да поминат на „Сан Сиро“ како претходно бидејќи Сари нема да смета на клучните Дибала и Кјелини, а нема да играат ниту Алекс Сандро, Хедира, Де Лихт и Де Шилјо. Јувентуис со скрпен состав ќе трага по трета првенствена победа во домот на Росонерите. И без нив, актуелниот првак секако е опасен кога го има расположениот Кристијано Роналдо, кој запиша по еден гол во секоја од четирите лигашки дуели по рестартот на шампионатот.

Неколкумесечниот прекин добро му дојде на Милан бидејќи составот на Стефано Пиоли успеа да врзе шест меча без пораз, во кои славеа четирипати. Во Серија А ремизираа со СПАЛ, додека Лече, Рома и Лацио почувствуваа колку е опасен седумкратниот првак кога сака. Добрите резултати значеа враќање во трката за местата преку кои се обезбедува пласман во Лигата на Европа, па Милан по 30 натпревари, заостанува само два бода зад Рома и со Наполи кои го делат петтото место со по 48 бода.

И Пиоли нема да има комплетен состав бидејќи за овој дуел повредени се клучните Чалханоглу и Кастилјехо, но, се подразбира, тимот ќе го предводи Златан Ибрахимовиќ.

Традицијата против која ќе се бори Милан е меѓусебниот учинок во лигашки рамки против Јувентус, во дуелите кои се играле на „Сан Сиро“. Росонерите само трипати го одбранија домот во последните 10 средби, додека Јуве се радуваше шестпати, а во еден меч не се доби победник.

Јувентус има подобар учинок и во сите натпреварувања во изминатите шест средби:

16.06.2020 Јувентус – Милан 0-0 (куп)

13.02.2020 Милан – Јувентус 1-1 (куп)

10.11.2019 Јувентус – Милан 1-0

06.04.2019 Јувентус – Милан 2-1

16.01.2019 Јувентус – Милан 1-0

11.11.2018 Милан – Јувентус 0-2

Според коефициентите во SPORT LIFE, фаворит е Јувентус со квота 2.25 за „двојка“, додека евентуална победа на Милан е 3.40.

- Оглас -

Најнови вести