Милан се ослободува од најплатениот фудбалер: “Работи само по свое, не го слуша тренерот“

Екипата на Милан летово ќе се откаже од услугите на двајца напаѓачи, белгиецот Дивок Ориги и хрватот Анте Ребиќ. Во пишувањата на италијанските медиуми се вели:

– “Тренерот Стефано Пиоли е крајно разочаран од однесувањето на двајцата напаѓачи. За време на настапите Ребиќ и Ориги си го прават само своето и воопшто не ги почитуваат упатствата и одлуките на тренерот.“

Причината е недисциплината на двајцата, но и лошиот ефект кој го имаат. Ориги беше џокерот на Ливерпул кој знаеше да постигне погодок за победа, но не покажа ништо откако дојде во Милан, а во моментов е најплатен фудбалер во тимот со годишна плата од 4 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести