Милан сега е втор, но веќе утре може да падне на место кое не води во ЛШ

Милан не дозволи изненадување и со 2:0 го победи Беневенто во меч од 34. коло во Серија А. Со овие три бода, Росонерите стигнаа до второто место на табелата со 69 бодови, но уште се далеку од сигурни за позиција која обезбедува место во Лигата на шампиони за следната сезона.

Утре во Серија А играат Аталанта, Јувентус и Наполи кои доколку успеат да ги освојат трите бода, ќе го го бутнат Милан на петото место на табелата.

Росонерите вечерва на „Сан Сиро“ дадоа по еден гол во двете полувремиња, во меч на кој имаа контрола на играта. Хакан Калханоглу погоди за 1:0 по само шест минути игра, а триумфот го потврди Тео Ернандес во 60 минута.

- Оглас -

Најнови вести