Милан сезонава во Серија А кога губи, губи со резултат 1-2 (Видео)

Торино го совлада Милан со 2-1 во последниот денешен дуел од 12-тото коло во италијанската Серија А и ги остави Росонерите на трета позиција, со шест бодови помалку од лидерот Наполи.

Откако Торо првото полувреме го доби со 2-0, во вториот дел Месијас даде гол за Милан, но тоа беше доволно само за ублажување на поразот.

Торино со победата се искачи на деветтото место, а за Милан ова е втор пораз сезонава и првиот им беше со резултат 1-2 против Наполи.

Ова е голот на Милан, кој беше плод на голманска грешка, а можеби и фаул на Месијас врз дефанзивецот на Торино:

- Оглас -

Најнови вести