Интер може да го слави Скудетото – Милан не ја прегрме тагата по Суперлигата, загуби од Сасуоло (Видео)

Милан доживеа сензационален пораз од 1:2 од Сасуоло и се прости од надежите за Скудетото и си ги загрози дури и шансите за настап во Лигата на шампионите.

Целиот хаос околу Суперлигата, проект во кој требаше да биде вклучен и Милан, а се распадна за два дена, веројатно влијаеше на Росонерите, кои пропуштија шанса да ја задржат дистанцата од конкурентите за второто место.

Јунак на мечот во сензациоалниот пресврт на Сасуоло беше младинскиот репрезентативец Џакомо Распадори, кој постигна два гола и се покажа како златна резерва на гостите.

Милан поведе со прекрасниот гол на Хакан Чалханоглу во 30-тата минута, а клучниот момент на мечот се случи во 64-тата минута, кога во игра влезе Распадори.

Првиот гол младинскиот репрезентативец на Италија го постигна во 76-тата минута, а можете да го погледнете ОВДЕ.

Само 7 минути подоцна се случи комплетен пресврт за победа на Сасуоло, а повторно стрелец беше Распадори. Победничкиот погодок на 21-годишниот играч на Сасуоло можете да го погледнете ОВДЕ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести