Милан со потег за почит: Росонерите покажаа како треба да се третираат легенди како Златан

Златан Ибрахимовиќ е на рехабилитација по операцијата на коленото и засега е слободен играч. Според лекарските прогнози, Златан ќе паузира најмалку шест месеци, но тој најави дека уште не планира да се пензионира, иако во октомври ќе полни 41 година.

Во ситуација кога се знае дека шест месеци нема да може да игра и дека веќе е во години кога најголем дел од фудблаерите се пензионирани, ретко кој клуб би се осмелил да му даде договор на Ибрахимовиќ.

Сепак, Милан покажува како треба клубовите да се однесуваат кон легендите на фудбалот, па Росонерите во следниот период треба да му го продолжат договорот на Ибра за уште една сезона. Тоа што го прави Милан е во знак на почит кон сето тоа што голгетерот го направи за клубот. Ибрахимовиќ кога дојде на „Сан Сиро“ вети дека ќе го донесе скудетото во клупските витрини и успеа во тоа. Милан по пауза од 11 години повторно е првак на Италија, а Ибра ќе биде дел од екипата што ќе го брани тронот.

Се очекува ветеранот да заработи максимум 1,5 милиони евра од едногодишниот со Милан, но најважно за него е дека ќе остане во клубот до јуни 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести