Милан стана четврти клуб во историјата со 3.000 меча во Серија А!

Првиот судиски свиреж на „Сан Сиро“ со кој вечерва се означи почеток на натпреварот Милан – Торино, донесе еден убав јубилеј за Росонерите од Милано.

За Милан ова е 3.000-ти меч во италијанската Серија А. Од досегашните 2.999 меча, Милан има 1.457 победи, 879 ремија и 663 порази.

Инаку, повеќе мечеви од Милан во Серија А имаат Интер, Рома и Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести