Милан уште вечерва може да биде првак на Италија, доколку Интер не победи (Видео)

Милан со 2:0 ја победи Аталанта на Сан Сиро и сега Росонерите се само уште еден чекор до освојување на толку посакуваната титула во италијанското првенство. Росонерите во второто полувреме го скршија отпорот на гостите од Бергамо.

Во 56 минута, Рафаел Леао перфектно искористи еден контра напад и погоди за голема радост на навивачите на „Сан Сиро“. Гостите се бунеа, затоа што пред да започне нападот на домаќините, фудбалерите на Аталанта бараа фаул во нивна корист, но судијата ништо не досуди.

Сите дилеми околу победникот беа решени во 75 минута кога Тео Ернандес со топка претрча повеќе од 60 метри и на крајот успеа да постигне гол за 2:0.

https://twitter.com/i/status/1525893796499705856

Милан сега има 83 бодови, пет повеќе од градскиот ривал Интер кој има 78 и вечерва гостува кај Калјари. Доколку Интер не победи вечерва, Милан и официјално ќе биде промовиран во нов шампион на Италија. Ако Нераѕурите слават кај Калјари, драмата во Серија А ќе продолжи и шампионот ќе се решава во последното коло.

- Оглас -

Најнови вести