„Миланезите“ ја победија Сампа ама се загрижени за „жешкиот“ меч против Наполи

Милан со 2:1 славеше на гостувањето кај Сампдорија и тоа со 10 фудбалери откако Рафаел Леао доби исклучување.

Покрај неговото неиграње, со повреда на мускулот се соочува и новиот играч, Дивок Ориги кој се повреди на загревањето.

„Ориги се повреди на загревањето и не знаеме точно за каква повреда станува збор. Овој меч е позади нас, а сега гледаме кон дуелот против Динамо од Лигата на шампионите, како и тој против Наполи следниот викенд.

За таа средба ќе имаме голем недостаток во името на Леао, но ќе мораме да пронајдеме нешто. Во моментов Наполи е можеби најдобрата екипа во Серија А, и игра навистина фантастично, а тоа го покажаа и против Ливерпул“ изјави Пиоли по крајот на вчерашната средба.

Милан сега има 14 года од шест одиграни средби во Серија А, и се наоѓа на делба на првото место.

- Оглас -

Најнови вести