Миланезите полудеа: Подобро коронавирус, отколку Емери за тренер!

Унаи Емери е еден од кандидатите за нов тренер на Милан, најавија италијанските медиуми, а навивачите на Росонерите се против оваа идеја. Фановите на Милан протестираа и кога беше донесен „предавникот“ Стефано Пиоли, а пребирливите навивачи сега се бунат и кога треба да биде донесен негов наследник.

Се чинеше дека е договорено нов тренер на Милан да биде Ралф Рангник, но овој германски стратег ги негираше гласините, па сега во прв план исплива баскиецот Емери кој е без работа, откако доби отказ во Арсенал. Милан се интересираше за Емери и во 2016 година. Емери ги има водено Арсенал, ПСЖ, Севилја, Валенсија, Америја и Спартак Москва.

Реакцијата на социјалните мрежи е многу негативна, најголем дел од навивачите на Милан сметаат дека Емери не е вистинскиот човек за нивниот клуб, а најекстремните велат дури дека ангажирање на Емери би било полошо и од коронавирус.

- Оглас -

Најнови вести