Миланското дерби ќе се игра пред 75.817 гледачи, Интер ќе заработи 5,5 милиони

Трибините на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано вечерва ќе бидат полни, сите сакаат да го гледаат првото градско дерби по враќањето на Златан Ибрахимовиќ во Италија, плус тоа Интер се бори за титула и посебно слатки би им биле трите бода.

Интер кој е официјален домаќин, само од продажба на билети ќе заработи 5,5 милиони евра од дербито со Милан, но тоа е помалку од оние 5,8 милиони колку што заработи Милан во март минатата година.

Се најавува оти се продадени 75.817 билети, што значи полн стадион, бидејќи од безбедносни причини мора да има празни места на одредени сектори, за да не бидат едни до други гостинските и домашните фанови. Ова ќе биде шести домашен меч сезонава на Интер со над 70.000 гледачи. Есеноска кога Милан беше во улога на домаќин, а Интер победи со 2-0, имаше 70.440 гледачи.

Градските ривали од Милано се среќаваат по дури 225-ти пат, а во лигашки меч од Серија А ова ќе им биде 172-ри меѓусебен дуел.

Телевизиски пренос ќе оди во 200 земји, Интер ќе игра со дресови на кои ќе има поддршка за Кина во битката со Коронавирусот, интересот е голем, и на трибините ќе има многу познати ликови од светот на фудбалот. Се најавува присуство на италијанскиот селектор Роберто Манчини, но и на селекторите на Данска (Аге Хареиде) и на Холандија (Роналд Куман) кои сакаат да видат во каква форма се Ериксен односно Де Врај.

- Оглас -

Најнови вести