Милевски направи изненадување, Алиоски ќе има само офанзивни задачи а Лихтенштајн ќе игра „бункер“ (ФОТО)

Иако се најавуваше дека Македонија ќе нападне со младите Чурлинов и Милан Ристовски, сепак селекторот на нашата репрезентација направи рокади.

Така, на местото на Чурлинов е додаден Кире Ристевски, кој ќе „оперира“ на левата бековска позиција, додека поналред на таа страна ќе игра Алиоски, кој ќе биде задолжен само за офанзивата.

Исто така, ќе тргнеме со формација од 4-2-3-1, каде што најистурен напред ќе биде токму Милан Ристовски, додека, зад него ќе се Трајковски, Елмас и токму Алиоски.

Противникот пак се одлучи за ултра дефанзивна формација со пет играчи во последниот ред, и тројца од средината кои што ќе имаат во главно дефанзивни обврски.

- Оглас -

Најнови вести