Милевски: Ни фалеше завршен пас

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, беше задоволен од односот на фудбалерите, но ќе треба да се коригираат аномалиите во офанзивниот дел.

„Моите фудбалери покажаа како треба да се однесуваат во дресот на националниот тим. Првото полувреме беше добро, во вториот дел имавме посед, фалеше тој завршен пас, ќе направиме анализа. Натпреварувачката форма не е на посакуваното ниво, ќе видиме во каква состојба се играчите, па ќе одлучиме колку промени да има на следниот меч. Не е лесно да се пробие тим како Ерменија. Од одбраната сум задоволен, од тактичката дисциплина, момците покажаа професионализам. Нема многу време да се поправи нешто драстично, ќе се потрудиме да ги коригираме аномалиите“, изјави Милевски.

Милевски додаде и дека Бобан Николов работи под посебен режим, физичката подготовка му е во нагорна линија и треба да се види дали ќе биде спремен за следниот меч.

- Оглас -

Најнови вести