Милевски: Ни фали завршница, против Гибралтар мора да бидеме поконкретни во зоната за шут

По неочекуваниот пораз од Грузија во Скопје со 0:3, македонската фудбалска репрезентација на арената „Тород Проески“ утре ќе биде домаќин на Гибралтар. Селекторот Благоја Милевски вели дека го почитува ривалот, но дека наша цел е да се освоијат трите бода.

„Обврска е на сите нас секогаш да бидеме на нивото секогаш да го дадеме максимумот свој и тоа да биде во функција на тимот да бидеме на ниво на кое се очекува од нас. Имаме максимален респект кон секој ривал, па тоа се однесува и за дуелот со Гибралтар. Против Грузија одигравме 50 минути на одлично ниво, мора да бидеме поконкретни во третата зона, во зоната за шут. Сме доминантни имаме посед, создаваме шанси, но во завршната фаза мораме да бидеме поконкретни ако сакаме да има голови. Мислам дека голема улога за тоа има и формата на самите играчи, периодот во кој се играат овие средби. Истите играчи се и кога дававме и по 5 или по три гола, но фали тој момент“, вели Милевски.

Неколку играчи во македонската репрезентација се повредени, некои се заморени и селекторот уште не го знае составот со кој ќе играме.

„Во моментов Александар Трајковски нема да игра поради повреда, Елиф Елмас е неизвесен, неколку играчи поради настинка се неизвесни, голем број на играчите се исцрпени. Искрено не знам во кој состав ќе истрчаме утре, тој што ќе биде подготвен“, брифираше селекторот.

- Оглас -

Најнови вести