Милевски реши да ротира, на клупа е Столе Димитриевски и уште неколку кои беа стартери со Бугарија

Македонскиот селектор Благоја Милевски, одлучи да направи неколку измени во стартниот состав за гостувањето кај Гибралтар.

Најголемо изненадување е што на голот нема да биде Столе Димитриевски, туку Дејан Илиев.

Во одбраната, покрај Алиоски и Муслиу, шанса добиваат Серафимов и Тодороски. Средниот ред го сочинуваат Николов, Спировски, Барди и Елмас, а напред се Трајковски и Милан Ристовски.

- Оглас -

Најнови вести