Милевски: Сè повеќе и повеќе наликуваме на тим онаков каков што го посакувам

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски, е задоволен по победата над Малта и најави дека репрезентацијата оди во вистинска насока.

„Честитки до момците за енергијата што ја покажаа и за желбата за победа. Уште пред мечот напоменав дека мечеви како ривали против Малта се најопасни. Штета што примивме еден таков несреќен гол. Најзадоволен сум од енергијата и карактерот што го покажаа момците. Од собир на собир се создава таа потребн хемија меѓу нив. Сè повеќе и повеќе наликуваме на тим онаков каков што го посакувам. Посебно сум задоволен од играта во второто полувреме“, рече Милевски, кој не го дочека крајот на мечот на клупата. Во судиското надополнување, доби црвен картон од главниот судија и мораше предвреме да го напушти своето место.

„Не ми е јасно зошто добив црвен картон. Ниту приговорив, ниту ништо. Точно дека го напуштив мојот простор, но ништо не приговорив. Тоа е видување на четвртиот судија, затоа што главниот судија доби известување од него“, објаснува селекторот за исклучувањето.

Аријан Адеми, за кого се очекуваше да биде стартер, не беше во составот поради повреда здобиена на последниот тренинг пред средбата и тој сигурно нема да биде во комбинација за дуелот против Фарски Острови.

- Оглас -

Најнови вести