Милевски задоволен од резултатот, а и од дебитантите

Селекторот Благоја Милевски е задоволен од прикажаното на неговите избраници по триумфот од 2-0 на гостувањето кај Гибралтар. Најважното го остварија, освојување на трите бода за застанување на првото место во групата 4.

„Во условите во кои игравме најважно беше да оствариме резултат кој ни одговара. Сè друго оди во втор план. Задоволен сум од залагањето на играчите, добро е што овој циклус го заокружуваме со победа. Најавив дека ќе има ротации затоа што е потребно да ги сочуваме силите и за наредните мечеви. Го одморивме Столе, додека Илиев игра за клуб кој игра на вештачка трева, воедно е во натпреварувачка форма и затоа доби шанса. Тодоровски и Серафимов покажаа дека заслужуваат место во оваа репрезентација“, посочи Милевски по натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести