Милик го изведе најсмешниот пенал и промаши, Јувентус никако да победи (Видео)

Фудбалерите на Јувентус одиграа 1:1 на гостувањето кај Болоња во рамки на 32-то коло од Серија А и ја продолжија црната серија од четири натпревари без победа.

Старата дама со ремито во Болоња, ја прекина низата од три порази по ред, но остана на третото место на табелата со 60 освоени бодови, еден помалку од Лацио, а три повеќе од Интер и Милан. Болоња пак е осма со 45 освоени бодови.

Домаќинот поведе со голот на Рикардо Орсолини од пенал во 10-та минута, а во првиот дел Јувентус имаше шанса да дојде до израмнување, но Аркадиуш Милик го изведе најсмешниот пенал сезонава.

Полскиот репрезентативец, сепак успеа да се извади за промашениот пенал во второто полувреме кога во 61-та минута го постигна голот за израмнување.

Фиорентина откако загуби во претходното коло од Монца (2:3) вечерва им се врати на победите откако пред своите гледачи, со „петарда“ ја почести Сампдорија.

- Оглас -

Најнови вести