Милиметри до сензација: Ембид шутна преку цел терен за спас на Фила, топката не го послуша (видео)

Феникс санс го доби дербито на ноќта во НБА со минимални 116:113 на гостувањето кај Филаделфија, а Сонцињата може да бидат среќни што не примија сензационален кош во последната секунда.

Гостите изведуваа слободни фрлања на 0,8 секунди, по второто промашено, Ембид ја собра топката и со една рака шутна преку цел терен. Милиметри го делеа центарот на Сиксерси од лудило, топката сврте околу обрачот и излезе, па планот да се играат дополнителни пет минути не се реализира.

https://twitter.com/NBA/status/1385043572462964739

Да успееше неверојатниот обид, Ембид ќе ја крунисаше својата одлична партија во која оствари двоен учинок од 37 поени и 14 скока, што сепак не беше доволно за Филаделфија да го избегне само седмиот пораз на домашен терен сезонава.

Крис Пол со 28 и Букер со 19 поени ги предводеа Сонцињата за 42-рата овосезонска победа, со која го задржаа второто место на Западот.

Останати резултати НБА:

Кливленд 121:105 Чикаго, Индијана 122:116 Оклахома, Торонто 114:103 Бруклин, Вашингтон 118:114 Голден стејт, Хјустон 89:112 Јута, Њујорк 137:127 Атланта, Далас 127:117 Детроит, Сан Антонио 87:117 Мајами, ЛА клиперс 117:105 Мемфис, Портланд 105:106 Денвер, Сакраменто 128:125 Минесота.

- Оглас -

Најнови вести