Милиметрите може да бидат клучни за Ливерпул да не биде првак (Видео+Фото)

Неверојатно колку е неизвесна завршницата во англиската Премиер лига. Манчестер сити и Ливерпул водат трка за титулата, а на две кола до крајот „граѓаните“ имаат еден бод повеќе. Сити денеска се врати на челната позиција, благодарение на победата од 1:0 на гости кај Барнли.

Погодокот вреден „златни“ три бода за гостите го даде Серхио Агуеро во второто полувреме. Погодокот на Агуеро воопшто не ја ни затресе мрежата на домаќините, бидејќи топката за само 22,9 милиметри успеа да ја помине гол-линијата, но и тоа е доволно гол-технологијата да сигнализира дека е погодок. Едноставно дефанзивецот на домаќините задоцни со реакцијата за само некој дел од секундата.

https://youtu.be/Zt08TpMM5v8

Ова не е прв пат Сити да има неверојатна среќа и благодарение на гол-технологијата да стигнува до посакуваниот резултат. На почетокот на годинава, односно на 3 јануари, Сити на свој терен го играше дербито против Ливерпул и славеше со 2:1. Интересно е што и на овој меч, мораше да се користи гол-технологијата.

Ливерпул имаше шанса да даде гол, но дефанзивецот на Сити, Џон Стонс успеа да спречи погодок и за само 11 милиметри не дозволи топката со целиот свој обем да ја помине гол-линијата. Со таа интервенција, Сити стигна до победа од 2:1 против Ливерпул.

https://youtu.be/57UX5_MjVH4

Ако тие милиметри во двата случаи, денешниот и тој од 3 јануари, да беа контра Сити, Ливерпул сега ќе имаше комотни четири бода предност во одност на „граѓаните“ и титулата ќе беше на пат кон „Енфилд Роуд“. Сепак, фактичката ситуација е дека Сити е лидер и сам ќе си одлучи дали ќе го одбрани тронот, а Ливерпул ќе го остави 30 години без титула во домашното првенство.

- Оглас -

Најнови вести