Милиoнерите без двајца клучни играчи во дербито на Суперкупот против Баерн

Составот на Луцијан Фавр ќе биде значително ослабен во дуелот против Баерн Минхен во Суперкупот на Германија. За Дортмунд нема да играат младата ѕвезда Џејдон Санчо и првиот голман Роман Бурки.

И кај двајцата е утврдена респираторна инфекција, додека во понеделникот нивните тестови за ковид-19 биле негативни. Од претходно се повредени бековите Шулц и Пишчек, како и Торган Азар, па Милионерите ќе крпат тим за да ја одбранат титулата во Суперкупот.

На другата страна, пак, Лерој Сане му прави проблеми на тренерот Флик откако го повредил оперираното колено, поради кое пропушти голем дел од минатата сезона.

Дортмунд во ланската сезона славеше против баварскиот гигант во Суперкуп-пресметката освојувајќи го шестиот трофеј, додека, пак, Баерн е најтрофеен во ова натпреварување и има еден пехар повеќе од ривалот.

Дербито на „Алијанц арената“ е закажано за вечерва, во 20:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести