Милионерите го налутија Абрамович, па сега ќе ја исправува грешката од пред седум години

Се чини дека европскиот првак Челзи крева раце од Ерлинг Халанд бидејќи Борусија Дортмунд не падна под искушение да прифати 175 милиони евра, но затоа е најавена бомбастична понуда за голгетерот на Интер, Ромелу Лукаку.

Сините ќе ја исправуваат грешката од пред седум години, кога не му дадоа шанса на Белгиецот да се докаже и лесно го пушти во Евертон. Лукаку блескаше за Карамелите, заработи трансфер во Манчестер јунајтед, а од таму замина во Италија, каде што во дресот на Нероаѕурите е фантастичен и беше клучен играч во освојувањето на Скудетото минатата сезона.

Наводно се подготвува понуда од 110 милиони евра за Лукаку, 10 милиони повеќе од неговата моментална вредност на пазарот, сума за која Интер ќе мора добро да размисли пред да одговори бидејќи италијанскиот првак има проблем со финансиите.

- Оглас -

Најнови вести