Милионот од Втора шанса на Sport Life освоен во Крива Паланка!

Риста М., кој во уплатно место на Sport Life во Крива Паланка на 22 октомври уплати тикет со квота од 19.562,26 на погодените 19 пара, а утна само еден, е победник во акцијата Втора шанса за милион, па ќе ја добие премијата, награда од 1.000.000 денари. Sport Life им даде втора шанса на обложувачите кои за малку, за еден промашен пар не добиле голема добивка, а најголема утеха ќе добијат петмина.

По завршувањето на акцијата на 19 декември и обработката на податоците и сите тикети со една утка, веќе и официјално победникот е Риста и тој добива Милион. Акцијата траеше два месеца и беше интересна, имаше промени во првата петорка, но тикетот од Крива Паланка беше неприкосновен. Ако ВБА го победеше Барнсли, Риста ќе земеше нешто над половина милион денари, но тој меч заврши 2-2, и вака наместо 547.000, Риста ќе си земе 1.000.000 денари.

Второто место го освои Петрит Т., кој имаше 10.118,43 вкупен коефициент. И тој добива милион, но не денари, туку поени за SL маркетот.

Стефче С. со квота 8.998,37 е на трета позиција и наградата за него се 500.000 поени на SL картичката. Четврти е Шефик, кој добива 300.000 поени, а петтопласираниот Кристо ќе добие 100.000 поени.

Доделувањето на главната наградите ќе биде по божиќните празници.

СЕ СОБИРАА КОЕФИЦИЕНТИТЕ НА ТИКЕТИТЕ КОИ ИМААТ ПО ЕДНА УТКА

Во игра за Милионот беа сите несистемски тикети најмалку со три натпревари и со еден утнат пар, а условот беше да се уплатени со СЛ Клуб картичка. Во трка за милионот влегуваа сите тикети само со еден утнат тип, а се пресметуваше коефициентот на погодените натпревари кои се собираат од секој тикет поединечно.

Шампион: – ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ 

второ место –  1.000.000 поени СЛ Маркет

трето место –  500.000 поени СЛ Маркет

четврто место –  300.000 поени СЛ Маркет

петто место – 100.000 поени СЛ Маркет

 

- Оглас -

Најнови вести