Мило Ѓукановиќ: Будуќност е бренд, државен проект и горди сме на него

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, на прославата на 70-тиот роденден на кошаркарскиот клуб Будуќност доби плакета за особен придонес во развојот на овој колектив, а откако се заблагодари, говореше за Будуќност како симбол, емоција и адреса на припадност.

„Овој Будуќност е метафора на новата Црна Гора. Без комплекс на инфериорност, не прифаќа дека малиот значи и слаб. Привилегија е за нашите деца што за идоли имаат свои сограѓани, соседи со кои пораснале. Будуќност е црногорски спортски бренд, заштитен знак на државата со навивачи иод сите возрасти. Затоа во право се сите кои велат дека е државен проект, без оглед што подразбираат под тоа. Клубот ја има поддршката од државата и така ќе остане. Вложуваме во селекции и клубови кои се меѓународно познати, престижни. Будуќност и во иднина треба да биде гордост на Црна Гора“, истакна Ѓукановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести