Милтон Кејнс против Вимблдон – Третолигашко дерби што ја тресе Англија

Милтон Кејнс Донс против Вимблдон од 2002 година е новото огромно ривалство во англискиот фудбал, а утре, од 13 часот по деветти пат ќе играат меѓу себе.

Тоа е третолигашко дерби во Англија, во рамките на Лига 1 што го привлекува вниманието во цела Англија.

Сè почна на 28 мај во 2002 година, кога тогашниот сопственик на Вимблдон одлучи да го пресели клубот 50-тина километри од северозападниот дел на Лондон, каде што познат беше тогашниот клуб со легендарните фудбалери кои играле за него. Вини Џонс и соиграчите претходно го прославија тимот кој играше најгруб фудбал во Англија.

Преселбата на Вимблдон и промената на името во Милтон Кејнс Донс им падна тешко на симпатизерите на стариот клуб Вимблдон, некогаш познат и по прекарот Лудата банда од ерата на Џонс.

„Ни го скршија срцето. Тоа е предавство и затоа на секој меч им пееме што бевте вие во фудбалот, пред да бидете ние. Ни го украдоа идентитетот, но не се откажавме и формиравме свој клуб“, велат навивачите на АФЦ Вимблдон.

По преселбата, тие формираа нов клуб и почнаа од најнизок ранг на натпревари за да стигнат до Лига 1, што е натпреварување трето по ранг во фудбалска Англија.

„Тие се откажаа од идентитетот, не беа лојални и сега не гледам зошто ние сме им виновни. Јас го следам клубот од седумгодишна возраст, кога МК Донс притстигна во нашиот двор“, вели еден од навивачите на МК Донс. Клуб што постои само малку повеќе од една и пол деценија, нешто што е реткост во Англија, но веќе има епски ривалитет со Вимблдон, екипа која благодарение на навивачите успеа да опстане и да продолжи да се натпреварува.

- Оглас -

Најнови вести