Милвоки и Хјустон да покажат зошто се фаворити

Почнува „она главното“ за Милвоки и Хјустон. Екипите кои целат да се најдат во самата завршница во плејофот, ноќеска стартуваат во разигрувањата на домашен терен, Бакс го пречекува Детроит, додека во Хјустон гостуваат „џезерите“.

Интересни пресметки нè очекуваат и во хокеарската лига на САД и Канада. Колумбус блу џекетс направија две сензации совладувајќи го најдобриот тим од Истокот Тампа беј лајтнинг, па сега пред свои навивачи посакуваат да поведат и со 3-0 во серија и да бидат на чекор од „метла“.

Милвоки бакс – Детроит пистонс (четвртфинале Исток, прв натпревар – 01 часот)

Лидерот од Истокот има намера брзо да ја заврши работата во серијата против Детроит. Милвоки е несомнено фаворит, особено што оваа сезона доминира во дуелите со Пистонс. Бакси остварија четири последователни победи во исто толку пресметки против нивниот противник во разигрувањата, па нема да биде погрешно ако се следи традицијата и се типува на победа на Милвоки.

Детроит две години не знае за победа во „Фисерв форум“ арената, факт кој треба да се земе во предвид.

Предлог тип: 1 & >218,5 (2.05)

 

Хјустон рокитс – Јута џез (четвртфинале Запад, прв натпревар – 03:30 часот)

Јута често знае да им направи проблеми на „ракетите“, но Хјустон е конкурент за шампионската титула. Минатогодишниот конференциски финалист оваа сезона сака да оди чекор понапред, а нивниот поход кон титула започнува од дома. Ако се земат во предвид овосезонските дуели на Хјустон и Јута, двете екипи делат по две победи. Сепак, главното оружје на Хјустон, Џејмс Харден, ужива кога игра со „џезерите“, па затоа се очекува негов блесок како што правеше цела сезона.

Предлог тип: 1 хен. -8,5 (2.10)

 

Колумбус блу џекетс – Taмпа беј лајтнинг (четвртфинале Исток, трет натпревар – 01 часот)

Колумбус ги изненади сите со двете сензационални победи на гости кај Тампа беј. Речиси никој не очекуваше толку слаби изданија на лидерот од Истокот во регуларниот дел од сезоната. Нов пораз на Тампа ќе ги донесе во незавидна ситуација, веќе во следниот меч ќе им се заканува „метла“.

Сепак, надеж за „грмотевиците“ носат последните три гостувања во Колумбус, каде во три наврати беа на победничката страна, па токму затоа веруваат дека оваа серија нема да им заврши по четири средби.

Предлог тип: 2 (2.20)

 

Сент Луис блус – Винипег џетс (четвртфинале Запад, трет натпревар – 01:30 часот)

Винипег се наоѓа во иста позиција како и Тампа беј. Ги загубија двата дуели на домашен терен против Сент Луис, па сега ќе треба да се „вадат“ на гости. Сепак, треба да се знае дека Џетс на последното гостување во „Ентерпрајс центарот“ победија со високи 8:4, така што Сент Луис има причина да се плаши од слично сценарио.

Предлог тип: X пол. (2.50)

 

Вегас голден најтс – Сан Хозе шаркс (четвртфинале Запад, трет натпревар – 04 часот)

Вицешампионот се избори за брејк во претходниот меч против „ајкулите“, па сега во Лас Вегас се надеваат дека ќе го преземат водството во серијата имајќи во предвид дека имаат предност на домашен терен. Хокеарите на Сан Хозе токму во „градот на светлината“ ги претрпувале едни од најтешките порази во франшизата, 7-0 и 6-0 се резултати кои влеваат нервоза на гостите во пресрет на овој натпревар.

Сепак, во рамките од регуларниот дел од сезоната, Шаркс победија со 3-2 кога последен пат гостуваа во „Т-мобајл“ арената, така што Вегас ќе има задача да покаже дека тој пораз бил сосема случаен.

Предлог тип: >6,5 (2.25)

 

- Оглас -

Најнови вести