Минамино пристигна на прегледи во Мелвуд

Такуми Минамино, фудбалерот на Салцбург, пристигна на медицински прегледи во Мелвид, тренинг-центарот на Ливерпул, каде што ќе го реализира трансферот во редовите на европскиот првак. Јапонецот ќе биде првото зимско засилување на Црвените, за кого ќе исплатат симболични 7,2 милиони фунти.

Се очекува Минамино денес да потпише четири и полгодишен договор со гигантот од „Енфилд“, додека трансферот ќе се официјализира во првиот ден од јануари, кога ќе се отвори зимскиот преоден рок.

Со тоа што Ливерпул за брзо време ја заврши работата и успеа да го наговори Јапонецот, кој имаше доста понуди и од други клубови, Минамино може да дебитира во црвениот дрес уште на 5 јануари, во градското дерби против Евертон, кое ќе се игра во рамките од третото коло на ФА купот.

https://twitter.com/fabrizioromano/status/1207228860661714944

- Оглас -

Најнови вести