Министерот Борко Ристовски и челниците на РФМ ги посетија ракометарките пред заминувањето на ЕП (Фото)

Женската ракометна репрезентација на Македонија се подготвува за почетокот на Европското првенство 2024 во групата што ќе се игра во Дебрецин. На вечерашниот тренинг, нашите ракометарки беа посетени од раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), вклучувајќи ги претседателот Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски.


Заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, тие им посакаа успех на ракометарките на претстојното големо натпреварување.

„Во пресрет на Европското првенство 2024, раководството на Ракометната федерација на Македонија, претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, генералниот секретар Филип Милошевски, заедно со Министерот за спорт, Борко Ристовски, ги посетија репрезентативките на денешниот тренинг, каде што ги поздравија и им посакаа успешен настап на континенталниот собир.

Со среќа девојки. Играјте со срце за Македонија“, објави РФМ на официјалниот фејсбук профил на Федерацијата.

Македонија првиот настап на Европското првенство ќе го има на 28 ноември против фаворитот во групата, селекцијата на Шведска. Потоа нашите ракометарки на 30 ноември ќе се сретнат со Турција, а на 2 декември е закажан дуелот со домаќинот Унгарија.

- Оглас -

Најнови вести