21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Министерот Филипче откри кога ќе може обложувалниците да отворат

Министерот за здравство, Венко Филипче на вчерашната прес конференција најави дека во најскоро време може да се очекува повторно отворање на обложувалниците. Според Филипче, денеска треба да има состанок на кој ќе се одлучи дали ќе има услови за некој од наредните денови да започнат со работа обложувалниците каде лесно може да се воспостави шалтерски систем. Секако, одлуката најмногу ќе зависи од здравствената ситуација и бројот на новозаболени од опасниот Коронавирус.

„Доколку бројките на новодијагностицирани е повторно како што покажува трендот како во овие изминати две недели, ќе биде препорачано отворање на институциите постепено. Тие што организираат едукации, курсеви, автошколите би биле тие кои би почнале први да функционираат, согласно предлозите, но да повторам овие предлози, ќе се дискутираат на утрешниот состанок и ќе бидат предложени до централниот штаб на Владата. Очекувам да има дискусија и во однос на мерките и во однос на динамиката, но сите тие институции каде што лесно може да се воспостави овој ред на дистанца, дезинфекција, носење на маски, сите оние во однос на обложувалници, каде што може да се воспостави шалтерски систем, ќе биде приоритет“, истакна Филипче на вчерашната прес конференција.

Кога се работи за спортските активности во нашата земја, Министерот истакна дека најпрво ќе биде дозволено активност на поединечните спортови, а потоа ќе се разгледува опцијата и за активирање на тимските спортови.

„Што се однесува до спортистите, најпрво се размислува на индивидуалните да се дозволат, но повторно за времети и начинот, ќе информираме по утрешните состаници на Комисијата и на Владата“, додаде Филипче.

- Оглас -

Најнови вести