Можни состави: Милевски ќе комбинира, но Македонија оди на победа (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија денес ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Фарски Острови. Натпревар на кој селекторот Благоја Милевски ќе може да ги види и фудбалерите кои и не се толку стандардни во репрезентација, но сепак нема да комбинира премногу бидејќи и пријателските натпревари се значајни и се бројат за подобар пласман на ФИФА ранг-листата.

Стандарниот Столе Димитриевски не е во комбинација за денешниот натпревар, па се очекува Дамјан Шишковски да застане на нашиот гол. Тројката пред неговиот гол ќе ја сочинуваат Велковски, Ристевски и Бејтулаи. Крилните позиции се резервирани за капитенот Ристовски и Алиоски. Во средината на теренот се очекува да започнат Атанасов, Барди и Елмас, додека во нападот е Чурлинов, кој внесе свежина против Малта и Нестороски.

Гостинскиот селектор Хакан Ериксон ќе започне со класична 4-4-2 формација. На голот со Лахмау, а во одбранбената линија Соренсен, Ватнамер, Фаеро и капитенот Давидсен. Средината на теренот се очекува да биде „густа“ со Олсен, Андресен, Мнени и Микелсен. Најголема опасност по нашиот гол ќе претставуваат Јохансен и Клетскард.

Натпреварот започнува во 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести