Миовски блеска за Абердин, даде два гола во првото полувреме (Видео)

Бојан Миовски се покажува како вистинско засилување за Абердин. Македонскиот репрезентативец даде два гола за само 45 минути во дуелот против Сент Мирен.

Најпрво во 24 минута Миовски се покажа како сигурен изведувач на ударот од пенал и го доведе својот тим во водство од 1:0. Само 13 минути подоцна, Миовски и по втор пат беше прецизен, за предност од 2:0 на Абердин.

До крајот на првиот дел, Абердин со голот на Кларксон стигна до предност и од 3:0, па едноставно домаќинот во вторите 45 минути треба да ја сочува оваа предност.

- Оглас -

Најнови вести