Миовски доби нов тренер, и тоа искусен 75-годишен англиски стратег

Шкотскиот тим Абердин доби нов тренер. Искусниот 75-годишен Нил Ворнок е назначен за нов предводник на Абердин, а договорот му е до крајот на сезоната. Ворнок доаѓа на местото на Бери Робсон, кој доби отказ по серијата лоши резултати, едно реми и три порази во последните четири кола.

Абердин моментално е на осмото место во шкотското првенство со 25 бода, еден помалку од Данди, кој е на шестото место, последно кое води во плејофот.

Ворнок има богата тренерска кариера која трае повеќе од 40 години и предводел дури 15 клубови, од кои најпознати се: Шефилд јунајтед, Лидс, Кристал палас, Квинс парк ренџерс, Кардиф и Мидлсборо. Последно работеше во Хадерсфилд, од каде што си замина во септември 2023 година.

Абердин вечерва гостува кај Глазгов ренџерс во меч од 25-тото коло на првенството.

- Оглас -

Најнови вести