Миовски: Ќе извлечеме поука од вчерашното разочарување, раните ќе ги лечиме против Гибралтар

Бојан Миовски, македонскиот репрезентативец, вели дека со убедлива победа над Гибралтар, Македонија ќе ги излечи раните од вчерашниот дебакл од Грузија.

Гибралтар е селекцијата против која Рисовите ќе го комплетираат јунскиот циклус во Лигата на нациите, во мечот во недела само победа е опција за составот на Боби Милевски.

„Во денешно време нема лесна репрезентација. Гибралтар покажа дека е добра селекција во ремито од 1-1 со Бугарија. Доколку го дадеме максимумот не би требало да имаме проблеми и сметам дека ќе победиме убедливо. Нормално дека сме разочарани од вчерашниот пораз, да загубиш дома со 0-3 за нас не беше очекувано. Требаше да ја искористиме доминацијата во првото полувреме, да дадевме први гол сигурно немаше на крајот да загубиме. Но, сега треба да извлечеме поука од тој пораз, а раните да ги лечиме во недела против Гибралтар“, истакна Миовски.

Дуелот Македонија – Гибралтар ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во 18 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести