Миовски нема милост, веќе стигна до 10 гола во дресот на Абердин

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски постигна нов гол во дресот на Абердин. Овојпат Миовски беше прецизен од пенал и тоа во 45+8 минута од првото полувреме, кога донесе радост за домашниот тим во дуелот против Хибернијан.

За Миовски ова е деветти гол во првенството на Шкотска и тоа по само 14 кола. Голгетерот има еден погодок и во Купот на Шкотска, што значи дека по само три месеци во новиот клуб, веќе има двоцифрен број на погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести